0.8 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

Мицкоски ќе мора да одлучи после барањето на Таравари: или признавање на договорите со Бугарија и Грција или нема коалиција

Неопределеноста, конфузноста и честата промена на ставовите може да траат ден, два, недела, месец или година, но после тоа доаѓа време кога ќе мора да се заземе страна и да се прифатат последиците од неодлучноста.
Оваа проста политичка логика сега го стигнува првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
За референдумот после кој следеше потпишување на Преспанскиот договор, Мицкоски не успеа да изгради став, иако се работеше за најважното прашање. Тој не се одлучи ниту за гласање, ниту за бојкот и ги остави граѓаните сами да одлучуваат.
После тоа најавуваше дека морал да ја признае новата реалност, а подоцна повторно испраќаше писма на адреси од старата реалност.
Договорот со Бугарија го негираше, а на бриселската средба со Бојко Борисов се смешкаше и повторуваше дека ќе прифател се што е добро.
Неофицијалните коалициски партнери од Алијанса за албанците и, повторно го прозваа да се определи пред да влезат во каква било авантура со него.
Арбен Таравари, генерален секретар на Алијанса за Албанците, во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 порача дека нема коалиција со партија која не ги признава Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија.
„Нашиот претседател Зијадин Села неколку пати има напоменето дека нема да коалицираме со ниедна партија која не ги признава договорите со Грција и Бугарија. И јас велам, тоа се договори кои го отвараат патот на Македонија за ЕУ, и секоја партија кога е против овие договори, со нас не може да има коалиција“, објасни Таравари.

За да биде Таравари попрецизен и поконкретен во условот, дури потврди и дека тие би коалицирале со Заев, само во случај ДУИ да излезе од владината коалиција.

Ваквите најави не го спречија Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ повторно да блефира со темата „само што не паднала владата“. Истата тема овој пат е надградена и проширена, а Мицкоски тврди дека не само што успеал да обезбеди мнозинство, туку сега се работело на обезбедување на стабилно мнозинство.

Никому веќе не му е јасно зошто Мицкоски не ја урне владата и не ја „спаси“ Македонија, доколку навистина има мнозинство.
Медиа.мк пишуваше за оваа стратегија на Мицкоски која ја применува од изборниот пораз наваму.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести