19.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

Извршен претрес во скопски Центар, приведени двајца нарко дилери

На 17.02.2021 во 19.00 часот од страна на Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, во координација со Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје биле лишени од слобода А.С.(25) и М.К.(20), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Имено, по претходно добиена наредба од Судија на претходна постапка, полициски службеници извршиле претрес во стан на подрачјето на Центар, каде привремено престојуваат двете лица, при што биле пронајдени марихуана, дигитална вага и парични средства.

А.С. и М.К. се задржани во полициска станица за понатамошна постапка, а по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по чл.215 од Кривичниот законик

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести