Ед Вуд е легендарен холивудски режисер кој постхумно во 1980 година ја добива наградата Златна Мисирка за најлош режисер на сите времиња. Неговите чудни филмови најдобро си ги разбирал и толкувал самиот.
Неговиот режисерски правец продолжува, а чудната нарација која тотално не соодветствува на реалноста во целост ја копира првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Педесетина пати во изминативе три месеци, тој лично или негови соработници, повторуваат една иста реплика која најпрвин подигнуваше очекувања, потоа стана смешна, а сега веќе е тажна бидејќи покажува дека режисерот нема ама баш ништо ново да понуди.
Јубилејното 50-то повторување на сцената преземање на пратеници изгледаше вака: национална Телевизија Сител, поделен екран и крупен кадар на главниот актер и забрзан говор кој би требало да ја замени убеденоста во тоа што го говори.
„Мислам дека возможно е да се обезбеди мнозинство за кое требаат три пратеници. Стојам на тоа што сум го кажал за соборување на оваа влада, а тоа е влада за национален спас, тоа не помина и сега треба да се оди на нејзино соборување зошто немаат капацитет за ништо. Најдобар доказ дека им виси мнозинството е тоа што не можат да соберат кворум за да одржат седница и веќе два месеци има интерпелација за Димитров и не се става на дневен ред, а координаторот на СДСМ рече кога би се ставила на дневен ред СДСМ нема да учествува на расправата што значи се плашат дека дека некој можеби би гласал Димитров да не е вицепреиер“ говореше Николоски на Сител и укажа дека тројца пратеници го делат ВМРО-ДПМНЕ од мнозинство за соборување на владата. „Не мислам дека тоа е невозможно да се случи, да почекаме“ изјави Николовски.

Три месеци Мицкоски презема пратеници, а власта го зголемува бројот на гласови во Собранието
Последното гласање за Законот за попис покажа дека власта дури и кога има пратеници кои се спречени да гласаат, може да обезбеди дополнителен број на гласови доколку е тоа потребно.
Алијанса на албанците и Алтернатива го поддржаа Законот за попис иако претходно ја најавија соработката со Мицкоски за кого пописот беше суштинска тема.
Со тоа Зоран Заев покажа дека за одредени прашања не е ограничен само на 62 пратеници кои ги има во коалицијата со ДУИ и БЕСА.

Власта немаше никакви проблеми ниту при гласањето за договорот за гасоводот, ниту при било која суштинска одлука. За секој предлог беше обезбедено соодветно мнозинство, а се зборува дека постојат алтернативи дури и во редовите на ВМО-ДПМНЕ.
Првата најава на Мицкоски за преземање на пратеници беше уште во октомври. Повеќе од три месеи поминаа досега, а Мицкоски не успеа да обезбеди поддршка заа ниту една тема која му е важна.
Медиа веќе пишуваше дека секогаш кога на Мицкоски му се клати фотелјата заради неисполнетите ветувања, посегнува по истата лага, убедувајќи ги партиските структури дека „само што не ја презел власта“.
