-0.2 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

Деманти се редат за манипулациите за преземање пратеници! Ладен туш за Мицкоски и од Павле Трајанов

„Не постојат шанси за формирање на ново парламентарно мнозинство. Барем досега до мене не стигнале такви информации, а ниту сум разговарал со некој на оваа тема.“ изјави синоќа во емисијата „Само вистина“ пратеникот и лидер на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов.
Трајанов ги демантираше најавите на Мицкоски дека ќе ја урнел владата со преземање на незадоволни пратеници од владеачката коалиција. „Мислам дека во кулоарите има разговори дека берзата за купување на пратеници постои, но се се тоа шпекулации. Засега одговорно тврдам дека нема никакви шанси за формирање на ново парламентарно мнозинство.“ нагласи Трајанов.

Неколку дена претходни во емисијата „Утрински брифинг“ и пратеникот од Партијата на движењето на турците Енес Ибрахим демантираше дека размислува за напуштање на владеачката коалиција, истакнувајќи дека несогласувањата со СДСМ се заради локални проблеми во Радовиш.
„Мицкоски не е алтернатива. Тоа е јасен став. Етничките тензии се минато. Државата ни е нормализирана, а е во процес на демократизација – таму нема место за локални шерифи.“, изјави Ибрахим.

ТВ 21 истражувајќи колку се сериозни најавите на Мицкоски за ново парламентарно мнозинство, изречени пред една недела, заклучува дека нема ништо ново, иако ги контактирале сите партнери во владеачката коалиција.
Сите тие негирале какви било преговори со Мицкоски и покрај одредени несогласувања или внатре во партиите или меѓу партнерите од власта.

„ВМРО-ДПМНЕ во моментот нема стратегија за подобрување на состојбите во државата, а со тоа е и многу далеку од формирање на некое ново мнозинство и ја нема мојата поддршка“, посочил за ТВ 21 Зеќир Рамчиловиќ, поранешен пратеник на листите на ВМРО-ДПМНЕ.
Панчо Минов, кој исто така е поранешен пратеник од листите на ВМРО-ДПМНЕ, а во моментов изјавил дека нема ниту основа да се зборува за негово преминување. Мирослав Јовановиќ од партијата Српска странка на Македонија исто така рекол дека не размислуваат за такво нешто.

Од Либералната Демократска партија, претседателот Горан Милевски и пратеникот Боби Мојсоски рекле дека не размислуваат за промена на статусот, а Горан Мисовски од СДСМ на ТВ 21 им порачал дека ВМРО-ДПМНЕ за новото мнозинство треба да ги чека следните избори.

Од ДУИ потврдиле дека имаат внатрепартиски проблеми, но според Изет Меџити не станувало збор за тоа да се откаже поддршката на власта, туку за евентуално гласање на недоверба на Артан Груби од страна на неколку пратеници на ДУИ.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести