Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Мицкоски се бори против Апасиев со пари на граѓаните

Лошиот рејтинг во 2020 година и губењето на втората позиција меѓу македонските политичари, го принудија Претседателот на ВМРО ДПМНЕ да одвои добар дел од партиските пари во обид да си го поврати местото од лидерот на Левица, Димитар Апасиев.
За разлика од другите политичари кои новата година им ја честитаа на граѓаните на 31 декември, Христијан Мицкоски одлучи тоа да го прави и на 1 јануари, а останува да видиме дали ќе продолжи преку малите екрани да честита и денеска или можеби ќе продолжи да честита и на трети или четврти јануари.
Се разбира дека немоќта на Мицкоски да се наметне како релевантен фактор не е проблем на медиумите, па затоа неговите честитки мора да се платат. Деновиве на повеќето национални телевизии можеше да си види истиот долг спот, снимен во партиското седиште во кое што Мицкоски се обидува да одигра улога на политичар кој е загрижен за состојбата и сериозно размислува гледајќи во прозорот. Неговата замисленост и гледање кон прозорецот трае 112 секунди. Толкав е просторот што партијата мора да го закупи на телевизиите за само едно емитување на спотот.

Една секунда рекламен простор на Сител чини и до 150 евра , доколку е платена по комерцијални услови. Секундата во „прајм-тајм“ на Канал 5 е нешто поефтина и чини околу 100 евра. Тоа значи без попусти едно честитање на Мицкоски ги чини граѓаните 10 000 до 15 000 евра. Со оглед на фактот дека Мицкоски нарачал неговата честитка да оди повеќе пати во различни временски појаси, тешко е да се пресмета цената на неговата битка за популасрност која ја води против Апасиев.

ВМРО-ДПМНЕ се финансира во голема мера од пари на граѓаните. Среде економска и здравствена криза Христијан Мицкоски заедно со СДСМ одлучија да си поделат дури 3,5 милиони евра од буџетот за партиски потреби. За да нема недоразбирања Медиа.мк одлучи да упати прашања до ВМРО-ДПМНЕ околу чудната ПР стратегија на Мицкоски, парите на граѓаните да ги расфрла за да им упатува честитки, наместо да се обиде да набави компјутери за децата кои немаат друг начин да ја следат онлајн наставата. Повратен одговор досега не добивме, иако партијата е обврзана да каже каде и како се трошат парите на граѓаните.

Колку чини лусузот на Мицкоски и чудната ПР-стратегија со биџетски пари нема, но затоа Мицкоски беше изложен на потсмев од неговиот најголем конкурент Димитар Апасиев.

Критики кон Мицкоски упати и неговиот соработник Љупчо Палевски за кого првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ организираше протести. Иако на Палевски му беше обезбедена и емисија на порталот Инфомакс, кој важи за исклучително близок со Мицкоски, сепак довербата во првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ е еднаква на нула.

Медиа.мк веќе пишуваше за лицемерието на Мицкоски кога станува збор за грижата околу проблемите кои ги имаат граѓаните. Додека Мицкоски бараше нови амбулантски возила или кревети и кислород за заболените од Ковид 19, во Собрание го туркаше предлогот со кој што требаше да добие милион евра од буџетот. Додека со траорен глас жалеше како децата немале компјутери за следење онлајн настава, закупуваше билборди за црна кампања, а сега и рекламен простор за упатување честитки.
Прочитајте повеќе на темите за кои што веќе пишуваше медиа.

најчитани вести

Х-Фајлс

„Кафето е култура и традиција. Навредите и лутењето се знак на некултура и слабост, а зависта го јаде човекот од внатре“. Вака директорот на...

Македонија

Со заминување на 2020 година си замина и лидерското место во опозицијата од Христијан Мицкоски кај антинато ориентираниот Димитар Апасиев.За прв пат во историјата...

Забава

Медиа.мк се одлучи на новогодишно забавно интервју со популарната српска млада актерка Нина Нешковиќ, која покрај својата невообичаено светла насмевка и прекрасната харизма, носи...

Свет

Американецот Бил Бентер е веројатно единствениот милијардер во светот кој своето незамисливо богатство го стекнал со обложување. Овој генијалец успеа да го победи системот!...