11.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Мицкоски жали за дечињата кои немале компјутер, но буџетските пари повеќе би ги трошел за партиски билборди и телохранители

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешното гостување на МТВ оцени дека било срамно тоа што владата не ги прифатила амандманите на опозицијата, изразувајќи жалење што заради тоа децата немале да добијат помош од државата.

„Предложивме бесплатни компјутери за оние 10% дечиња кои што не можат да следат онлајн настава според тоа што го кажа премиерот. Зошто тоа го одбија? Зошто еве тоа го одбија? Не мораше друго да прифатат барем тоа“, рече Мицкоски.

Според Мицкоски буџетот е расипнички и нема доволно средства за образование. 20.000 деца, како што посочи Мицкоски не следеле настава онлајн, и требало на тие деца да им се помогне.

Сепак Мицкоски не кажа ниту збор дали предложил амандман за намалување на средствата предвидени за политичките партии.

Како што неодамна изгласаа партиите, власта и опозицијата треба да си поделат околу 3,5 милиони евра од буџетот среде здравствено-економска криза.

Колку е искрена грижата на Мицкоски за компјутери за дечињата ќе се види откако буџетските пари ќе легнат на сметка на ВМРО-ДПМНЕ.

За парите кои ќе ги добие Мицкоски од буџетот може да се набават околу 2000 комјутери и со тоа 2000 дечиља веќе нема да имаат проблем да ја следат наставата.

Медиа веќе упати прашања до ВМРО-ДПМНЕ дали партијата ќе ги донира буџетските пари, но не добивме одговор.

ВМРО-ДПМНЕ веќе беше осудено во јавноста за лицемерието во периодот на економска и здравствена криза. Додека партијата критикуваше дека нема болнички кревети, возила на итната медицинска помош или кислород за пациентите, Мицкоски закупуваше билборди, водеше црна кампања и го зголемуваше партиското обезбедување. За присвојувањето на буџетски средства и начинот на кој што Мицкоски ги троши реагираа и некои невладини организации и семејствата на осудените за 27 април.


Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести