7.8 C
Skopje
понеделник, март 25, 2024

Лицемерието на Мицкоски во петта брзина! Парите од буџет ги троши за црна кампања ама седиштето под хипотека ќе го дава за КОВИД ЦЕНТАР


Повеќе медиуми пишуваа дека низ Скопје по билборди се тера црна кампања насочена против владата на Зоран Заев. Главната порака на црните билборди е задолжувањето од 2 милијарди евра и прашањето дали некој памети еден видлив проект реализиран од Зоран Заев.
Потписник на кампањата нема, но малку е веројатно тоа да е опозициската Левица со оглед на фактот што нивните финансии заглавија во Еуростандард банка.
Дали е тоа ВМРО-ДПМНЕ засега нема потврда, но опседнатоста на Мицкоски со црнила, гробови, гробари и смрт во секое соопштение асоцира на бојата на кампањата.

Додека оди кампања контра Заев, Мицкоски повторно ја нуди партијата


Во име на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во емисијата „Заспиј ако можеш” , потпретседателот Владо Мисајловски рече „ВМРО-ДПМНЕ ќе го отстапи објектот на своето партиско седиште во центарот на Скопје доколку има потреба и доколку министерот Филипче и владата го побараат тоа од опозицијата.“.
Уште претходно Мицкоски најави дека сака да го продава штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Во интервју за МКД.мк не ја образложи намерата, ниту пак дали за тоа се консултирал со членовите чиј имот има намера да продава. „Ако имаме соодветна понуда, објектот на штабот на партијата би го продале или би го изнајмувале доколку има соодветна понуда. Сега правиме еден вид на скенирање на пазарот, па ќе видиме,“ изјави во интервјуто за МКД.мк Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
После тоа беше замрзнат имотот на ВМРО-ДПМНЕ, а МИцкоски почна да истура стотици илјади евра во непостоечки портали и да ангажира десетици пријавувани или осудувани лица да го чуваат во белата палата од членството.

Мицкоски не само што не ги врати парите на граѓаните туку го зголеми побарувањето од буџетот

ВМРО-кворумска е новото име во медиумите закачено за пратеничката група под контрола на Мицкоски која излегува во пресрет секогаш кога тоа му е неопходно на Зоран Заев. Додека во јавноста се споменуваат криминал, кражба на буџет, гробови, смрт, пратениците под контрола на Мицкоски послушно влегуваат во собраниската сала и по директива на координаторот Никола Мицевски креваат два прста за одлуките на Заев. Според известувањата на медиумите, Мицкоски во време на корона не само што не се откажа од парите на граѓаните наменети за него, туку и го зголеми побарувањето.
За тоа подетално пишувавме и претходно.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести