23.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Мицкоски ја прогласи короната за „умрено“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски до вчера ја напаѓаше власта дека таа е највиновна за корона кризата во земјава , а после повеќе месеци излезе со предлог да се набават повеќе болнички кревети и кислород за да се подобри здравствената грижа за заболените.

Во саботата, без никакви амандмани за пренамена на средтвата, Мицкоски го поддржа Заев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кренаа рака за одвојување на 3,5 милиони евра од буџетот за финансирање на политичките партии.

Доколку се направи најобична проверка на интернет, може да се заклучи дека цената на еден болнички кревет се движи од 500 до 15 000 евра во зависност од спецификациите. Доколку се набавуваат поголеми количини веројатно цената на креветите би била уште пониска.

Доколку Мицкоски беше искрен во барањата кои ги упати до властите тогаш ќе предложеше пренамена на овие средства со што ќе се обезбедеа околу 2000 болнички кревети што ќе беше директна помош за медицинскиот персонал, но и граѓаните кои се лекуваат по болниците.

Ваквата несериозност и неконзистентност на опозицијата, допоилнително ги разочара граѓаните кои веќе не гледаат никаква алтернатива на актуелната власт во ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски.
Бројни и жестоки се реакциите кои се однесуваат на „сложното“ гласање за делење на буџетските пари.

Жестоко реагираа и од граѓанската иницијатива О2 која се надеваше дека ВМРО-ДПМНЕ пожестоко ќе ги брани нивните амандмани на буџетот и нема да ги замени за средствата за финансирање на политички партии.

Жестока реакција следеше и од страна на луѓето кои се гонети за 27 Април и нивните семејства кои го обвинија Мицкоски и патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ дека ги заборавиле и не им помагале, иако на нивен грб се обидувале да извлечат политички поени

Медиа.мк во текот на денов ќе испрати прашања до ВМРО-ДПМНЕ , но со оглед на нетранспарентноста, прашуваме и вака јавно, колку од буџетските средства ќе одвои Христијан Мицкоски за набавка на кревети и килород кои што ги бараше изминатиов период.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести