Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР) соопшти дека преку 4,7 милиони бегалци ги преминале границите на Украина, објави Би-Би-Си.
Покрај тоа, Меѓународната организација на ОН за миграција (ИОМ), цитирана од АФП, вели дека речиси 215.000 државјани на трети земји – луѓе кои не се ниту државјани на Украина, ниту на земјата во која влегле – исто така избегале во соседните земји.
Најголем дел од бегалците – 2,7 милиони – избегале во Полска. Сепак, официјалните бројки сугерираат дека некои луѓе сега избираат да се вратат во Украина.
