2.8 C
Skopje
недела, ноември 22, 2026

Aмериканската компанија „Eli Lily“ објави нов лек против COVID-19

Aмериканската компанија „Eli Lily“ објави нов лек против COVID-19, кој, според резултатите од студијата на 750 случаи, го намалува бројот на тешки форми на заболување и морталитет кај заразените за 87 проценти.

  • Резултатите се добиени по друга голема студија за ефектите на терапијата со антителата бамланивимаб и етезевимаб, кои се покажаа ефикасни во третманот на лесни и умерени форми на COVID 19, објави Ројтерс.

Шефот на научниот тим на компанијата, Даниел Сковронски, изрази очекување дека добиените резултати ќе ги охрабрат лекарите да ги користат овие антитела пошироко во борбата против болеста.

  • Очекувам дека овие податоци ќе продолжат да ја зголемуваат употребата на антителата, рече Сковронски, додавајќи дека комбинираната терапија нуди поголема заштита од новите соеви на COVID –19“.

Регулаторите на САД одобрија комбинирана терапија во февруари за употреба кај пациенти со висок ризик од развој на сериозни компликации. Европските регулатори ја воведоа неговата употреба во март.

САД во февруари се согласија да купат најмалку 100.000 дози комбинирана терапија.
Сковронски рече дека компанијата „Eli Lily“ е подготвена да произведе милион дози комбинирана терапија во наредните месеци и дека е во активни преговори со цел да ги снабди владите низ целиот свет со овој лек.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести