-3.2 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

Европската агенција за лекови (ЕМА) денес даде препорака за условно одобрување на вакцината против COVID-19, што ја произведува компанијата „Johnson & Johnson“

Европската агенција за лекови (ЕМА) денес даде препорака за условно одобрување на вакцината против COVID-19, што ја произведува компанијата „Johnson & Johnson“.

ЕМА наведува дека вакцината „Johnson“ покажала ефективност од 67 проценти по две недели и дека ги исполнува критериумите за безбедност и квалитет кога станува збор за спречување на COVID–19 кај лица постари од 18 години.

Резултатите од клиничкото испитување на луѓе од САД, Јужна Африка и Латинска Америка, откриле дека несаканите ефекти на вакцината „Johnson“ обично биле лесни или умерени и исчезнале за неколку дена по вакцинирањето.

Најчести се болка на местото на убод, главоболка, замор, болки во мускулите и гадење, според ЕМА.

Вакцината на „Johnson & Johnson“ против COVID-19, работи така што го подготвува организмот да се одбрани од вирусот, и се состои од друг вирус (аденовирус), кој е модифициран да содржи ген на протеинот SARS-CoV-2.

Имунолошкиот систем на лицето го препознава шилестиот протеин како странски и произведува антитела и ги активира Т-клетките (бели крвни клетки), па ако некое лице дојде во контакт со вирусот SARS-CoV-2, имунолошкиот систем на вакцинираното лице ја препознава класата на протеини на вирусот и е подготвен да го брани телото од него.

Ова е четврта вакцина против COVID–19 одобрена за употреба во ЕУ.

Претходно, потребните лиценци за ЕУ ​​беа дадени на вакцините на компаниите „Pfizer/BioNTech“, „Moderna“ и „AstraZeneca“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести