Аргентинците излегоа на улиците на Буенос Аирес во средата, барајќи правда за легендарниот Диего Армандо Марадона.
Истрагата за причината за смртта на аргентинската икона не даде никакви одговори и луѓето се лути на тоа.
- Тој не умре, тие го убија, рекоа демонстрантите.

Поранешната сопруга на Марадона, Клаудија Вилафане и неговите ќерки Далма и Џанина беа на протестот.
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња почина на 25 декември минатата година. Официјална причина за смртта е срцев удар, но истрагата што треба да го потврди тоа сè уште трае.

Неговото семејство верува дека тој починал поради лошата грижа на лекарот и неговите помошници.
Причините за смртта ги истражува и Обвинителството во Сан Исидра, а во моментов се обвинети седум лица. Во истрагата, наводно, се вклучени д-р Леополдо Лук, психологот Карлос Дијаз, две медицински сестри …

