4.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

БРАВО: Група средношколци кои се движеа по мостот во градот Кропоткин во регионот Краснодар, го спасија животот на седумнаесетгодишно девојче

Група средношколци кои се движеа по мостот во градот Кропоткин во регионот Краснодар, го спасија животот на седумнаесетгодишно девојче пред неколку дена, кое одеднаш реши да се искачи на оградата и да се фрли од мостот .

Има сомнеж  дека овој случај е поврзан со повикот за тинејџери во Русија на социјалната мрежа ТикТок да извршат масовно самоубиство. Видеото, на кое се гледаат средношколци, кои само неколку секунди подоцна поминале покрај девојче кое стоело на мостот, веќе ја обиколи Русија. Видеото го покажува моментот кога девојчето се качува на оградата, а еден од средношколците успева да и ја фати ногата и да ја држи додека другите не истрчаат и не ја извадат од оградата на мостот. Девојчето заврши во болница поради обид за самоубиство и засега се води истрага зошто решила да скокне од мостот

Полицијата проверува и дали овој обид за самоубиство е поврзан со повикот на социјалната мрежа ТикТок за тинејџери да извршат масовно самоубиство. Според медиумите, руските власти досега блокирале и избришале 450 различни материјали кои повикуваат на самоубиство.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести