10.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Италија ќе им даде една доза на вакцина на оние кои веќе биле заразени со коронавирус

Италија ќе им даде една доза на вакцина на оние кои веќе биле заразени со коронавирус, објави италијанското Министерство за здравство.

Единечна доза на вакцина може да се даде на оние кои имале инфекција со SARS-CoV-2, симптоматска или асимптоматска, се вели во соопштението на Министерството, пренесе Ројтерс.

Препораката се однесува на луѓе на кои им е дијагностициран COVID-19 пред три до шест месеци.

Франција и Шпанија објавија слична политика минатиот месец.

Исто така, германскиот институт за инфективни болести, Роберт Кох, објасни дека препораката луѓето што веќе прележале COVID-19 да примаат само една доза од вакцината се однесува на сите одобрени вакцини, а не само на „AstraZeneca“, како што беше претходно најавено.

Германската постојана комисија за вакцинација одобри една доза да се дава шест месеци откако некое лице е дијагностицирано со болеста. Оваа одлука ќе овозможи повеќе лица да се вакцинираат, со оглед на недоволните количини на вакцини.

Во исто време, вакцината „AstraZeneca“ е одобрена за вакцинирање на лица постари од 65 години, а препорачаниот интервал помеѓу првата и втората доза е 12 недели.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести