Шпанската влада ќе го намали ДДВ-то на гасот од 21 на пет отсто од октомври за да го намали влијанието на поскапувањето на гасот врз сметките за домаќинствата, изјави премиерот Педро Санчез.
„За да бидат пониски сметките за парно на нашите граѓани“, рече Санчез во интервју за локалната радио станица „Кадена СЕР“. Владата сака „правично да ги распредели трошоците од војната (во Украина)“, додаде тој.
Мерката ќе значи загуба на приход од околу 190 милиони евра по квартал, изјави министерката за буџет Марија Хесус Монтеро. Владата го намали и ДДВ-то на струјата двапати во последната година, исто така на 5 проценти.
