7.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Макрон е за продолжување на дијалогот со Русија, со цел да се спречи ескалација на конфликтот во Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека е за продолжување на дијалогот со Русија, со цел да се спречи ескалација на конфликтот во Украина. 

Но, во исто време, тој вети безрезервна поддршка на Киев во потенцијално „долгата војна“. 

Макрон беше критикуван од Украина и од источноевропските сојузници, бидејќи тие ја гледаа неговата политика како двојна – од една страна, тој го поддржуваше Киев по рускиот напад, но од друга страна, одржуваше дијалог со неговиот руски колега Владимир Путин, објави Ројтерс.

Мора да се подготвиме за долготрајна војна“, рече Макрон.  

Тој додаде дека Франција ќе продолжи да го поддржува Киев на економски, воен и хуманитарен план, но предупреди дека еден од клучните предизвици ќе биде воспоставувањето на европско единство во лицето на Русија. 

„Европското единство е клучот, бидејќи поделбата е една од целите на руското војување“, рече Макрон. 

Тој нагласи дека разговорот со Москва е императив за да се избегне влошување на конфликтот во Украина, но и да се воспостават услови за мир преку преговори, за кои, како што рече, може да одлучи само Украина. 

„Франција ќе продолжи да разговара со Русија. Кој сака Турција да биде единствената сила во светот која продолжува да разговара со Русија?“, праша Макрон. 

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести