0.8 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

Макрон: Не се натпреваруваме со Италија во однос на алжирскиот гас

„Не се натпреваруваме со Италија во однос на алжирскиот гас“, рече Макрон во изјавата за печатот, додавајќи дека „гасот е од мало значење во енергетската слика“ на Франција. Тој му се заблагодари на Алжир за зголемувањето на количеството гас што го вбризгува во гасоводот што ја снабдува Италија.

„Тоа е добро за Италија, добро е за Европа и придонесува за диверзификација во Европа, која претходно беше премногу зависна од рускиот гас“. Макрон негирал дека Франција го молела Алжир за гас. „Франција малку зависи од гасот за своите енергетски потреби, едвај 20 отсто, а на Алжир отпаѓаат 8 до 9 отсто од тоа, ние не сме во динамика каде што алжирскиот гас може да ја промени ситуацијата.

Од почетокот на 2022 година, Алжир испорачал 13,9 милијарди кубни метри на Италија, што е за 113 отсто повеќе од претходно планираната количина. Алжир е најголемиот африкански извозник на гас и обезбедува околу 11 отсто од потрошувачката во Европа.

За иранското прашање, Макрон рече дека „топката сега е на теренот на Иран“ и дека договорот за иранската нуклеарна програма ќе биде „корисен“, иако „нема да реши сè“. Одговарајќи на прашање за изгледите за обновување на договорот потпишан во 2015 година меѓу Техеран и велесилите, Макрон не рече дека очекува успех во наредните денови и недели.

„Не е мое да давам прогнози“, но „бевме многу внимателни да ја зачуваме рамнотежата на сериозен договор“ за време на „важните разговори со претседателот Бајден, со канцеларот Шолц и премиерот  Џонсон за да постигне напредок“, им рече тој на новинарите.

„Но, тој договор не решава сè, ние го знаеме тоа и ќе мораме да разговараме со Иран за балистика, регионално влијание и повеќекратна дестабилизација“, рече тој. Франција е една од шесте потписнички на договорот од 2015 година меѓу Иран и петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН – Франција, САД, Велика Британија, Русија и Кина – и Германија, која ја претставува ЕУ.

Макрон посочи и дека „Велика Британија е пријателска земја, силна и сојузничка, без разлика кој ја води“, бидејќи кандидатот за шеф на британската влада, Лиз Трус, одбила да каже дали францускиот претседател е „пријател или непријател“ на нејзината земја.

„Британскиот народ и Велика Британија се пријателска, силна и сојузничка нација, без оглед на тоа кој ја води, а понекогаш и покрај нејзините лидери и малите грешки што можат да ги направат во нивните јавни изјави.

Постојат голем број спорни прашања меѓу Франција и Велика Британија, особено справувањето со прашањата по Брегзит, како што се риболовот и Северна Ирска.“ Британските конзервативци избираат меѓу Лиз Трус и Риши Сунак за нов претседател, кој ќе биде и нов британски премиер. Резултатите се очекуваат на 5 септември. Лиз Трас има поголема предност.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести