Тој во видео порака на меѓународниот културен самит во Единбург, кој се одржува во шкотскиот парламент, рече дека се врши „културен вандализам“.
„Низ историјата видовме што се случува кога агресорите се обидуваат да ја угнетуваат и елиминираат културата. Тоа го видовме со нацистите во Втората светска војна, Црвените Кмери во Камбоџа, Талибанците во Авганистан.
Денес, светот повторно е сведок на непростливи акти на културен вандализам, овој пат во Украина. Голем дел од извртеното образложение на Путин за неговата инвазија почива на тврдењето дека Украина не е вистинска држава.
Ова е лага што тој се обидува да ја оствари со систематско бришење на сите траги на вековната украинска култура од териториите окупирани од неговите војници“, рече Џонсон.
Џонсон рече дека Обединетото Кралство ќе финансира мерки за заштита на културното наследство, како и воена и хуманитарна помош.
