1.8 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

Според ОН преку пет милиони бегалци ја напуштиле Украина

Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР) соопшти дека преку 4,7 милиони бегалци ги преминале границите на Украина, објави Би-Би-Си.

Покрај тоа, Меѓународната организација на ОН за миграција (ИОМ), цитирана од АФП, вели дека речиси 215.000 државјани на трети земји – луѓе кои не се ниту државјани на Украина, ниту на земјата во која влегле – исто така избегале во соседните земји.

Најголем дел од бегалците – 2,7 милиони – избегале во Полска. Сепак, официјалните бројки сугерираат дека некои луѓе сега избираат да се вратат во Украина.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести