9.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

ЕУ ќе воведе санкции и за ќерките на Путин

Марија и Катерина се на новата листа на санкционирани Руси, иако не се знае колкав имот имаат двете надвор од Русија, па ова се смета за симболичен потег, тврди Блумберг.

Заедно со нив на списокот има и руски политичари, тајкуни и членови на нивните семејства.

Предложената листа на санкционирани лица допрва треба да биде потврдена од европските влади и сè уште е предмет на промена. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека не знаел за предлогот за санкционирање на ќерките на Путин и дека ќе почека додека не биде официјално објавен.

Малку се знае за ќерките на Путин, Катерина и Марија, а не е потврдено дали Путин има и други деца.

Марија, најстарата ќерка, наводно е косопственик на Номенко, кој е вклучен во мнозински приватен инвестициски проект во здравството. Катерина го води Институтот за вештачка интелигенција на Московскиот државен универзитет.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести