7.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Германските банки повеќе нема да услужуваат клиентите со руско потекло

„Гледаме дека санкциите се спроведуваат овде и таму без мерка“, изјави денеска членот на управниот одбор на Бундесбанк, Јоаким Вирмелинг за деловниот дневен весник Handelsblatt.

Банките, на пример, не треба да ги одбиваат граѓаните со руско потекло само поради страв дека давањето услуги на таа група клиенти би ги прекршило санкциите, објасни претставник на германската централна банка.

„Финансиските институции мора да се грижат да го зачуваат чувството за пропорција и ненамерно да не ставаат никого во полоша позиција“, додаде Вирмелинг.

Коментирајќи ги финансиските ризици, функционерот на германската централна банка истакна дека е загрижен за хипотекарните заеми, кои станаа поризични за банките поради растот на цените. Пазарот од ден на ден станува се поранлив, рече тој.

Хипотекарните заеми со фиксни каматни стапки и рок на отплата од повеќе од 10 години сочинуваат половина од некомерцијалните хипотекарни заеми во Германија.

„Тоа значи дека неколку години по промената на насоката на клучните каматни стапки во билансите, банките би имале кредити со многу ниски каматни стапки, а веќе би плаќале значително повисоки каматни стапки за рефинансирање“, објаснува функционер во Бундесбанк.

Централната банка го задржува правото да ги прилагоди регулативите за капиталните резерви на банките доколку финансиските ризици продолжат да се зголемуваат, нагласил Вирмелинг.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести