8.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Украинското обвинителство ќе истражува над 5000 случаи за воени злосторства

Од нив, 1.200 се во околината на Киев, вклучително и за злосторствата во Буча, околу која со денови се води информациска војна меѓу Украина и Русија. Она што досега утврдиле украинските истражители е дека се работи за најмалку 300 убиени цивили, од кои многумина биле изложени на физичко изживување.

-Повеќе од жртвите се резултат на артилериски огран.  Евидентиравме и докази на тортура и егзекуции со автоматско оружје. , вели за „Скај њуз“ Андреј Небитов, шеф на полицијата во Киев.

-Ни требаат повеќе експерти, ни треба ДНК лабораторија. Гледате дека тешко можат да се распознаат телата без ДНК. Зошто тогаш преговарате со Путин, кога неговите сили го прават ова?, го праша новинарката на Скај њуз.  Одете по ѓаволите, одговори Денис Монарстиски, министер за внатрешни работи на Украина.

Во меѓувреме, нови снимки за наводни злосторства врз цивили излегуваат во јавноста. Њујорк Тајмс објави видео за кое наводно руски тенк убива цивил на велосипед во Буча. Русија отфрла каква било инволвираност, вклучително и за масакрот во Буча, каде велат насилства имало, но не извршено од нивна страна.

-Реков дека се измислици фотографиите кои се појавија на 3 април, кога ние го имавме напуштено местото, во март. , вели Васили Небензја, амбасадор на Русија во ОН.

-Видеото кое го прикажа Зеленски е лажно. Зошто е лажно, зарем луѓето не се мртви? Луѓето се мртви, но биле застрелани на друго место, каде немаше руски трупи. , вели Дмитри Полиански, заменик амбасадор на Русија во ОН. 

Зеленски пак, обвини дека Москва го користи гладот како оружје за освојување на територии, на начин што ги блокира поморските пристаништа и ја отежнува егзистенцијата. Ги повика Обединетите Нации да не бидат неми посматрачи. 

-Советот за безбедност на ОН постои, а безбедност во светот не постои. За никој. Тоа значи дека Обединетите нации во моментов не се во можност да ги извршуваат функциите за кои се создадени. А за ова е виновна само една држава – Русија која ги дискредитира и ОН и другите меѓународни институции. , вели Володимир Зеленски, претседател на Украина.

На терен, руските сили продолжуваат да се концентрираат на исток и се целосно повлечени од Киев. Украинските власти ги повикаа ги повикаа граѓаните итно да го напуштат источниот регион Луганск, во очекување на жестока руска офанзива во областа на Донбас.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести