-2.2 C
Skopje
сабота, јануари 14, 2023

Германија: Ако денеска ја забраниме руската нафта, утре не би можеле да се движиме

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ја оправда одлуката на Берлин да не го забрани увозот на руска нафта како одмазда за инвазијата на Украина, велејќи дека тоа ќе ја турне Германија во хаос, што би било победа, а не пораз за Кремљ, пренесоа агенциите.

Ако Германија верува дека забраната за увоз ќе стави крај на војната, тоа и би го направила. Но, не верува во тоа, вели таа.

Германија е зависна од Русија за една третина од увозот на нафта, многу повеќе зависи од САД, кои претходно најавија ембарго за увоз на руски енергенси.

„Доколку веднаш го забраниме, утре нема да можеме да се движиме низ Германија“, рече таа.

Таа додаде дека клучните работници како што се наставниците или медицинските сестри нема да можат да доаѓаат на работа, а и струјата ќе биде проблем.

САД во објавија дека воведуваат ембарго за увоз на руска нафта и гас, додека Велика Британија соопшти дека постепено ќе го укине увозот на руски енергенси до крајот на 2022 година, што дополнително ќе го зголеми притисокот врз Москва да возврати на инвазијата на Украина,

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img