„Нашите срца се со луѓето кои трпат последици од овие трагични настани во Украина“, велат од Кока –Кола во кратката изјава.
„Ние ќе продолжиме да ја следиме и проценуваме ситуацијата како што се развиваат околностите“, додаваат од компанијата.
Како и Мекдоналдс, Кока-Кола беше под притисок да престане да работи во Русија во последните денови. Сепак, пазарот претставува еден од ретките региони во светот каде конкурентот Пепси има поголемо присуство.
Претходно и Мекдоналдс и Старбакс објавија дека нивните руски ресторани привремено ќе се затворат.
Од двете ресторански компании, Мекдоналдс има поголемо присуство во земјата и добива поголем процент од својот глобален приход од тие продажби.
Старбакс, исто така, соопшти дека целата нејзина руска деловна активност е суспендирана, вклучително и испораката на своите производи.
Од руската инвазија на Крим во 2014 година, многу американски компании се обидуваа да ја намалат својата изложеност и во Русија и во Украина
