5.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

15 ден од руската инвазија над Украина

 Стотици жители на Суми и на градот Ирпин близу Киев, беа првите кои ги напуштија домовите и кои според најавите, заминаа кон централна Украина или на руска територија. Украинските власти соопштија дека на евакуацијата на североисточниот град Суми му претходело жестоко гранатирање, со повеќе од 20 цивилни жртви.

Многу е опасно. Чекавме до последен момент. Се надевавме дека ќе можеме да останеме, но не беше возможно. Денеска ни дојде преку глава. Нема вода, нема струја, нема интернет. , вели жителка на Ирпин.

Освен во Суми и Ирпин, Русија соопшти дека отворени се коридори од Киев, Харков, Чернихив и Мариупол, кои според руските најави, а на кои се противи Киев, водат кон Русија или кон Белорусија. Нема детали како се одвива евакуацијата во овие градови, откако Украина обвини дека руските трупи наводно гранатираче конвој од 30 автобуси кои тргнале кон најпогодениот град Мариупол.

Во серијата јавни обраќања и интервјуа украинскиот претседател Зеленски со снимки пред и во резиденцијата потврди дека останува во Киев и повторно го повика Путин на дијалог. Во интервју за „Еј би си Њуз“ Зеленски посочи дека веќе го губи интересот за НАТО, а изрази подготвеност за дијалог со Москва и за статусот на Донбас и Крим, но не по цена и да капитулира за овие прашања. Претходно, упати драматична порака до западните сојузници.

-Ако светот остане на страна, ќе се загуби самиот себе, засекогаш. Постојат безуслови вредности. За сите подеднакви. Тоа е животот, пред се. Право на живот за секого. Токму за тоа се бориме во Украина, а токму тоа сакаат да ни го одземат овие слаби окупатори. Тоа е она што светот треба да го зашитити. , вели Володомир Зеленски, претседател на Украина.

Од Москва засега нема одговор на последните пораки на Зеленски. По повод 8 март, Путин им се обрати на руските мајки и жени, негирајќи ги дел од тврдењата дека на фронтот во Украина испраќа млади регрути и неискусни војници.

-Сакам да нагласам дека во воените дејствија не учестуваат и нема да учествуваат војниците кои служат воен рок.  Нема да има ниту дополнителна мобилизација на резервниот состав. Поставените задачи ги извршуваат само професионални војници. , изјави Владимир Путин, претседател на Русија.

Францускиот претседател Макрон одржа видео разговор со германскиот и со кинескиот колега, Шолц и Си Џинпинг, кој повика на максимална воздржаност во Украина и продолжување на преговорите. Шефот на американската дипломатија Блинкен за време на посетата на Талин оцени дека е време Европа да се ослободи од зависноста од руската енергија.

 -Претседателот Путин ја направи Русија отсечена од светот. Во период од една недела, уништи 30 години отвореност и можности со светот. Русите веќе започнаа да ги чувствуваат последиците од тоа во нивните секојдневни животи, и тоа ќе се зголеми. Се надеваме дека ќе ја дознаат вистината зошто ова се случува. , изјави Ентони Блинкен, државен секретар на САД.

Обединетите Нации денеска соопштија дека Украина досега ја напуштиле над два милиони бегалци.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести