Еден човек од Индија тврди дека примил 12 дози антиковид вакцини и вели дека верува дека тие дози му помогнале против болки во грбот, како и други здравствени проблеми, пишуваат повеќе медиуми.
Пензионираниот поштар Брамдео Мандал од индиската држава Бихар изјавил дека примил девет пати доза со пријавување со помош на лична карта, а дополнителни дози успеал да добие преку мобилниот и гласачкото ливче на сопругата.
Тој изјавил дека има 85 години и дека првата доза ја примил во февруари минатата година.
“Верувам дека ми помага во општо здравје. Мене болките во грбот ми се намалија, добив сила, апетитот ми се подобри. Постојано барав центри за вакцинација и одев таму, а никој не ме препозна”, рекол Мандал.
Засега нема докази дека дополнителните дози на антиковид вакцините придонесуваат за општата здравствена состојба која не е поврзана со коронавирусот, а Мандал рече дека сака да прима повеќе дози.
