20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

НАСА СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Голем астероид се движи кон Земјата и ќе прелета покрај нашата планета на 18 јануари

Голем астероид се движи кон Земјата и ќе прелета покрај нашата планета на 18 јануари 2022 година, велат најновите информации на Центарот за студии на Земјата на НАСА.

Астероидот е означен како 7482 (1994 PC1). Се верува дека е околу 2,5 пати повисок од Емпајер Стејт Билдинг во Њујорк или Голден Гејт во Калифорнија.

Според НАСА, астероидот има дијаметар од 1.052 километри и период на ротација од околу 2,6 часа.

Вселенската агенција го класифицираше како потенцијално опасен астероид поради неговата големина и релативно блиските летови околу нашата планета.

Се очекува астероидот да помине покрај Земјата на оддалеченост од 1,98 милиони километри на 18 јануари.

Станува збор за астероидот „Аполо“, кој во 1994 година го откри австралискиот астроном Роберт МекНут.

Овој астероид направи полн круг околу Сонцето за една година и седум месеци.

Огромниот „вселенски патник“ може да се набљудува дури и со основен телескоп на секои 47 години.

Следниот пат кога ќе биде блиску до Земјата е во 2105 година.

Астероидот се движи со брзина од 70.515 километри на час, а на ноќното небо изгледа како ѕвезда што паѓа.

Според анализата на НАСА, оваа голема вселенска карпа нема да се судри со Земјата уште најмалку 100 години.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести