13.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

ХОРОР: Маж од Грац бил каснат од питон додека седел на тоалетна школка

Маж од Грац бил каснат од питон додека седел на тоалетна школка.

Питонот всушност е домашно милениче на неговиот сосед, и тој поминал низ канализацијата и завршил во неговата бања.

Полицијата соопшти дека мажот седнал на wc школката кога почувствувал дека некој му ги „штипнал“ гениталиите и веднаш скокнал на нозе, а потоа открил дека од тоалетот го гледа албио питон.

Мажот веднаш повикал полиција, која пристигнала со експерт за рептили кој ја отстранил змијата од местото каде што се криела.

Во меѓувреме, мажот е пренесен во болница со полесни повреди. Лекарите велат дека, за среќа, питоните не се отровни, но дека постои опасност повреденото место да биде заразено со бактерии од тоалетот, пренесува Daily Mail.

Експертот за рептили Вернер Стангл изјави дека и питонот не е повреден, а по чистењето му бил вратен на неговиот 24-годишен сопственик.

Сопственикот на змијата не бил свесен дека питонот избегал сè додека полицијата не го вратила, а тој изјавил дека не му било јасно како змијата успеала да избега.

Стангл вели дека во неговите 40 години работа со влекачи, тој никогаш не видел случај како овој.

Полицијата соопштува дека сопственикот на змијата бил упатен до обвинителот за нанесување телесни повреди од небрежност, но дека не е познато дали ќе биде обвинет.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести