2.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

Во ова мрачно место ќе остане кралицата Елизабета во случај на нуклеарна војна (ВИДЕО)

„Морничавиот“ воен бункер, опишан од шкотските медиуми, бил изграден за сместување на кралицата Елизабета Втора во шкотската престолнина, во случај на нуклеарна војна. Напуштената зграда е реновирана минатата година откако беше опустошена од пожар кон крајот на 1982 година.

Фотографиите го прикажуваат ентериерот и екстериерот на сега напуштениот нуклеарен бункер во каменоломот Барнтон, кој бил изграден во 40-тите години на 20 век, а потоа се проширил во 1952 година.

Подземната зграда од 2,8 квадратни метри е опремена со Би-Би-Си радиодифузно студио и е позната како една од најголемите подземни воени објекти во Велика Британија.

Ископан на 30 метри под ридот Корсторфин во каменоломот Барнтон, трикатниот бункер имал за цел да ги смести кралицата и членовите на британската влада, заедно со армијата, полицијата, пожарникарите и службите за брза помош, како службен штаб во Единбург, во случај на нуклеарен напад.

Меѓутоа, во 1963 година, групата наречена „Шпиони за мир“ ја информираа јавноста за постоењето на таен бункер.

Активистите фотографирале и копирале документи за бункерот што го пронашле и ги објавија своите откритија во брошурата наречена „Опасно! Службена тајна на RSG-6“, што беше тајно шифрирано име на објектот.

Бункерот e укинат на крајот на 1982 година, а потоа во 2005 година истиот е купен од приватно лице кое има намера да го претвори во музеј.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести