0.8 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

СТРАШНО: Од стомакот на девојчето извадиле грутка коса тешка дури 1,5 килограми

Родителите велат дека детето ја јаде косата последните две и пол години и дека не успеале да го спречат тоа.

Лекарите во Индија го спасиле животот на петгодишно девојче од чиј стомак извадиле грутка коса, кое девојчето постојано го јадело.

Топката што ја извлекле за време на операцијата, која траела повеќе од еден час, тежи скоро 1,5 килограми.

Синдромот на златокоса, односно топче коса во цревата, е предизвикано од трихофагија – компулсивно јадење на косата.

Девојчето било донесено во болница од нејзините родители откако започнало да се жали на болка и оток на стомакот, како и губење на апетит.

Лекарите брзо сфатиле дека причината за ваквата здравствена состојба на девојчето е џиновска топка коса во цревата. Родителите тогаш им признале на лекарите дека детето ја јадело косата две и пол години. Велат дека се обиделе да ја спречат на сите можни начини, дури и ја скратиле косата … Сепак, ни тоа не помогнало. Девојчето на крајот јадело туѓа коса.

Д-р Вивек Баду, кој го предводи тимот од пет лекари кои јго оперирале девојчето, вели дека ваквите пациенти имаат психијатриско нарушување.

– Ретко се среќава кај деца. Во светот има 0,3 проценти од ваквите случаи – вели лекарот.

Девојчето во моментов се наоѓа во стабилна состојба.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести