9.8 C
Skopje
недела, ноември 22, 2026

ЕВЕ КОЈА Е НАЈГОЛЕМАТА БАНКНОТА ШТО НЕКОГАШ БИЛА ИСПЕЧАТЕНА

Секој знае дека доларот е официјална валута на Соединетите држави, а исто така е една од омилените банкноти за „под перница“ и чување за „црни денови“. Сепак, малкумина знаат дека најголемата испечатена банкнота некогаш била дури 100.000 долари!

Американскиот долар е официјална валута на Соединетите држави и исто така е широко користен како резервна валута во некои други земји во светот. Се проценува дека се користат над 380 милијарди долари во американска валута, од кои две третини се надвор од САД.

Сега, замислете дека ја имате оваа банкнота некаде „во кутијата“ – 100.000 УСД!

Банкнота од 100.000 УСД
Банкнотите од 100.000 американски долари беа отпечатени во Америка од 1934 до 1935 година и беа наменети за трговија во рамките на системот на Федералните резерви. Тие никогаш всушност не влегле во оптек меѓу населението, а ликот на Вудроу Вилсон бил на нив.

Тоа е најголем апоен некогаш испечатен во Америка. Направени се само 42 илјади од овие банкноти.

Иако тие престанаа да се користат во текот на 60-тите години од минатиот век по воведувањето на модерната банкарска технологија и се уште се многу ретки денес, тие во теорија сè уште се сметаат за законско средство за плаќање. Сепак, во Америка е нелегално приватните колекционери да ги поседуваат, а федералната администрација уништи голем број на овие банкноти во изминатите децении.

Се верува дека сите преживеани банкноти од 100 илјади долари се наоѓаат денес во музејот Смитсонијан и филијалите на системот на Федералните резерви.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести