Американската морнарица активираше 20 тони експлозив покрај носач на авиони, а експлозијата беше силна колку земјотрес со јачина од 3,9 степени.
Како што објавија медиумите, бил искористен вистински експлозив за да се види дали носачот на авиони „Џералд Р. Форд“ може да продолжи да извршува мисии во тешки услови.
Американскиот геолошки институт ја забележал експлозијата како земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала.
Исто така, морнарицата издаде соопштение во кое се наведува дека тестирањето е извршено во согласност со сите еколошки прописи, како и спроведување на тестирање со употреба на вистински експлозив за да се види дали нивните воени бродови можат да продолжат да вршат мисии во тешки услови со кои би можеле да се сретнат во вистинска борба.
