Од следната година, сите нови автомобили во ЕУ ќе имаат задолжителна црна кутија, а од 2024 година ќе ја имаат сите возила регистрирани за прв пат.
Црна кутија е уред што треба да открие до најмалите детали сè што се случило во секундите пред сообраќајната несреќа.
Таканаречената црна кутија бележи дури 41 податок што помага во експертиза.
- За да добиете информации за брзината на возилото на пет секунди пред судирот, однесувањето на возачот, дали тој закочил, дали имал манипулации со воланот и во колкав процент, колкав е бројот на вртежи на возилото итн.
Иако многумина не знаат, црната кутија во автомобилската индустрија не е нова, некои нови возила веќе ја имаат.
Обично се наоѓа помеѓу седиштата на возачот и совозачот во модулот за воздушни перничиња.
