Шефот на германскиот независен советодавен панел за вакцинација, вирусологот Томас Мертенс, изјави денес дека е многу веројатно сите следната година повторно да треба да се вакцинираат против COVID-19.
Мертенс за новинската група „Funke“ изјави дека во моментов нема информации за тоа кога ќе бидат потребни дополнителни „засилувачки дози“, а здравствените експерти ќе треба да почекаат уште неколку месеци за да видат дали заштитата од вирусот на корона е слаба кај одредени групи на луѓе АП.

Тој додаде дека „вирусот нема да не пушти“ и дека тековните вакцинации нема да бидат последни.
- Во принцип, мора да се подготвиме за можноста сите да мора да бидат имунизирани и следната година – рече Мертенс.
Скоро 30,4 милиони луѓе во Германија или 36,5 проценти од населението, примиле барем една вакцина до петокот.
Повеќе од девет милиони, или 10,9 проценти од населението, биле ревакцинирани.
