Немирите меѓу Израел и Хамас не стивнуваат, згора на тоа, тие стануваат сè поинтензивни. Израел продолжи со воздушни напади во појасот Газа, но ниту Хамас не остана во долгови, па лансираше ракети во правец на Тел Авив.
Видеа направени на плажите во овој град се споделуваат на социјалните мрежи, каде што може да се забележат луѓе како панично бегаат штом ќе се огласат сирените за опасност од воздух.
На петтиот ден од продолжувањето на судирите, мртвите се стотици, а Израел тврди дека над 2000 ракети биле лансирани на нивната територија од правецот на Газа.
Денес во попладневните часови беше гранатиран градот Рамат Ган, сателит на Тел Авив, а целите беа цивилни објекти.
Светските сили повикаа на смирување на тензиите, освен претседателот на Турција, кој го повикува целиот муслимански свет да го „збрише“ Израел.