Мексиканските власти соопштија дека лажните вакцини претставуваат „здравствен ризик“ откако беа откриени фалсификувани дози во Мексико и Полска.
Мексиканската агенција за регулирање на лекови вчера објави дека лажни дози на вакцината „Pfizer / BioNTech“ биле откриени во февруари и дека тие очигледно биле продадени и користени, пренесува АП.
Во соопштението на „Pfizer“ се вели дека откриле фалсификувани вакцини и во Мексико и во Полска.
Мексиканските власти објавија дека во февруари пронашле три празни шишиња лажни дози на „Pfizer“, што сугерира дека биле вакцинирани помеѓу 15 и 18 лица.
