20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

ИСЧЕЗНАТАТА ПОДМОРНИЦА Е ПРЕМНОГУ ДЛАБОКО ЗА ДА МОЖЕ ДА СЕ ИЗВЛЕЧЕ

Подморницата, за која бродовите на индонезиската морнарица продолжија со потрагата и денес, најверојатно потонала премногу длабоко за да биде извлечена, поради што се мали шансите за преживување за 53 членови на екипажот.

Властите објавија дека подморницата ќе остане без кислород до сабота наутро, објави агенцијата АП.

Подморницата учествуваше во вежбата кога исчезна вчера, потсетува АП.
Официјалните лица пријавија нафтена дамка во близина на местото каде што последен пат нурнала, околу 96 километри северно од островот Бали.

Морнарицата верува дека подморницата исчезнала на длабочина од 600 до 700 метри.
Во меѓувреме, индонезискиот претседател Јоко Видодо рече дека наредил „оптимални“ напори за пребарување и спасување за пронаоѓање на бродот.

Тој додаде дека екипажот е „главниот приоритет“ на потрагата и испрати поддршка и сочувство до семејствата на екипажот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести