2.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

БРУТАЛНО УБИЕН НАРКО-БОС: Должел милиони долари на МИСТЕРИОЗНА ЖЕНА (видео)

Нарко босот бил убиен на прагот на неговата куќа затоа што ѝ должел милиони на мистериозната шефица на подземјето позната како „Банкар“, откако британската полиција заплени дрога вредна 20 милиони фунти, што е најголема рација досега во Велика Британија.

Браќата во Ливерпул, Џон и Алан Тобин продавале огромни количини кокаин, хероин, канабис и кетамин на сите можни нарко банди во земјата со помош на нивниот „силен човек“, поранешниот боксер Роби „Мечката“ Брутон.

Нивниот профитабилен бизнис претрпел смртоносен удар кога полицијата во август 2018 година заплени комбе со 186 килограми 90 проценти чист кокаин.

Бидејќи им должеле пари на мистериозната фигура на подземјето, позната само како „Банкар“, минатата година Џон Тобин (40) беше убиен пред неговиот дом во Прескот.
Никол Дејли, обвинителот во овој случај, му рече на судот во Ливерпул дека тие до март истата година, браќата Тобин должеле многу пари, што не е изненадувачки откако изгубиле 186 килограми дрога.

  • Џон Тобин беше особено под притисок да ги отплати долговите кон луѓето. Тој мораше да го продаде својот имот за да ги исплати овие долгови, рече таа.

Полицијата беше во можност да ги дешифрира тајните пораки испратени од браќата и останатата нивна група преку EncroChat, тајна комуникациска платформа што често ја користеа криминалците пред полициските сили да ја разоткријат, и каде на Тобинови им било кажано да контактира некој со име „Банкар“, за да добијат пари.

Дејли вели дека „Банкарката“ е всушност жена, која работи како еден вид „сметководител“ на подземниот свет, но дека ништо друго не е познато за неа.

Се испостави дека Џон Тобин му должел на „Банкар“ големи суми пари и дека се обидел да продаде накит и часовници за да ги врати, но дека очигледно не успеал затоа што бил убиен.

Тобинови продавале дрога со години, пред полицијата да ја распушти нивната група. Алан Тобин работел како медицински брат во затворот Ратбон и пред судот изјавил дека влегол во бизнис со дрога за да издржува пет деца. Тој беше осуден на 20 години затвор.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести