18 C
Skopje
среда, април 21, 2021
spot_img

Кинескиот технолошки гигант влегува и во автомобилската индустрија

Кинескиот технолошки гигант ги проширува своите деловни активности во автомобилската индустрија.

Првиот модел на Huawei беше претставен на салонот во Шангај под називот SF5.
Станува збор за кросовер со приклучен хибриден погон, каде бензинскиот мотор служи само како генератор на електрична енергија, со цел да се зголеми автономијата на возењето.

Патем, автомобилот е развиен во соработка со Cyrus, а ќе се продава под брендот Seres.

Станува збор за прилично удобно возило – долг 4.700 мм, широк 1.930 мм и висок 1.625 мм, што според димензиите спаѓа во категоријата теренци како „Audi Q5“.
Внатрешноста е, очекувано, максимално дигитализирана, со богата содржина и квалитетни материјали.

Возачот и патниците ќе можат да уживаат во амбиенталното осветлување, седиштата со функција за масажа, како и т.н. “ѕвездено небо.”

Командите на мултимедијалниот систем, како и другите функции се поставени на огромен централен екран на допир.

Високиот стандард е задоволен и во однос на достапните системи за помош на возачот, а посебно внимание се посветува на звучната изолација, за која производителот тврди дека е на самиот врв на пазарот во однос на карактеристиките.

Погонскиот систем се состои од два електромотори со вкупна комбинирана моќност од 551 КС (405 kW) и максимален вртежен момент од 820 Nm.

Има 1.5-литарски бензински мотор кој работи само како генератор за полнење на батеријата.

Seres SF5 забрзува од 0 до 100 km / h за само 4,7 s, а радиусот на движење исклучиво со помош на батеријата е 180 km, додека автономијата се зголемува на над 1.000 km, кога ќе се активира бензинскиот мотор.

Конечно, уште една интересна работа во врска со ова возило, а тоа е неговата цена.
Имено, Huawei одлучи да го понуди овој автомобил по цена од околу 27.710 евра, почнувајќи од мај. За жал, засега достапен ќе е само на кинескиот пазар.

Читај Следно

10,350FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести