6.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Израел повеќе не ја сака вакцината „AstraZeneca“ против COVID-19

Израел повеќе не ја сака вакцината „AstraZeneca“ против COVID-19 и сега анализира со таа компанија дали може да ја пренасочи нарачаната голема пратка на друго место, изјави денеска израелскиот координатор за пандемија Нахман Аш.

  • Се обидуваме да го најдеме најдоброто решение. На крајот на краиштата, не сакаме да доаѓаат вакцините тука и мора да ги фрлиме во ѓубре, изјави Еш за „Armi Radio“, наведувајќи дека потребите на Израел ги задоволуваат други добавувачи.

Еш рече дека со залихи обезбедени до 2022 година, на Израел повеќе не му требаат 10-те милиони дози што ги договори со „AstraZeneca“.

  • Тие вакцини сигурно можат да се користат на друго место во светот во моментот, и заедно со компанијата се обидуваме да го најдеме најдобриот начин за тоа, рече Еш, пренесува Ројтерс.

Во своите коментари, Еш не се осврна на фактот дека вакцините „AstraZeneca“ се поврзани со појава на случаи на многу ретки тромби во Европа.

Многу европски земји продолжија да ја користат вакцината, откако Европската агенција за лекови соопшти дека нејзините придобивки ги надминуваат нејзините ризици.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести