23.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

ВОЗНЕМИРУВАЧКA СОДРЖИНА: ПОЛИЦИЈАТА УБИ ТИНЕЈЏЕРКА (ВИДЕО)

Полицијата во Колумбус, главниот град на американската држава Охајо, ја уби 16-годишната Афроамериканка Макија Брајант по интервенцијата по пријавата дека нападнала две девојчиња со нож.

Хазел Брајант, жена која се претставила како тетка на починатиот, изјавила дека тинејџерката живеела во згрижувачки дом и на трагичниот настан му претходела кавга со некој во оваа институција.

Полициските снимки покажуваат хаотична сцена на тревникот пред куќата, а една девојка мавтала со нож на друга, која паднала на грб, а потоа се упатила кон друга девојка, која удрила во паркиран автомобил. Потоа полицаецот отворил оган.

https://twitter.com/TheInsiderPaper/status/1384709285658124290

Хазел Брајант тврди дека нејзината внука го фрлила ножот што го имала во нејзината рака пред полицаецот неколку пати да пука во неа.

Локалните медиуми објавија дека група демонстранти се собрале во близина на куќа во југоисточното предградие на Колумбос каде се случило пукањето.

Градоначалникот на Колумбос Ендру Гинтер го потврди пукањето и на Twitter објави дека една млада жена трагично го загубила животот.

Тој рече дека полицајците имале камери на телото што го снимиле инцидентот и побарале трпеливост откако Бирото за истрага за кривични дела во Охајо (BCI) започна истрага, по што ќе бидат познати повеќе детали за случајот

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести