11 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

МЕРКЕЛ УТРЕ ЌЕ ЈА ПРИМИ ПРВАТА ДОЗА ОД ВАКЦИНАТА АСТРАЗЕНЕКА

Германската канцеларка Ангела Меркел утре ќе ја прими првата доза од вакцина против коронавирус, јави германскиот весник Велт, дополнувајќи дека станува збор за Астра Зенека.

Меркел ќе ја прими вакцината АстраЗенека, објави весникот без да наведе конкретен извор.

Бидејќи Меркел има над 60 години, таа е во возрасната група за која вакцината од АстраЗенека сè уште се користи во Германија. Забранета е за помлади од 60 години, освен ако лекар специјално не ја препорача за одреден пациент.

Претходно оваа недела, владиниот портпарол Штефен Зајберт изјави дека Меркел „наскоро“ ќе се вакцинира.

На лицата под 60 години во Германија на кои им е дадена вакцината Астра Зенека како прва доза, им се дава друга вакцина за нивната втора доза.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести