11.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

БРАЌАТА ПРИНЦОВИ ЌЕ СЕ ВИДАТ ЗА ПРВ ПАТ ПОСЛЕ СКАНДАЛОТ – Веќе оствариле телефонски разговор

Принцот Хари пристигна во Лондон да присуствува на погребот на принцот Филип. Вниманието на јавноста сега е насочено кон кралското семејство, бидејќи ова е прв собир, откако принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл го обвинија кралското семејство за расизам.

Хари слета пред неколку дена, но е во изолација. Според британските медиуми, браќата принцови Хари и Вилијам разговарале по телефон и се согласиле дека оваа недела е резервирана за погребот и се што оди со тоа и дека ќе ги остават настрана несогласувањата, а кралицата се надева дека ова е можност за обединување и помирување на сите членови на семејството.

Кејт Мидлтон е таа што ќе посредува браќата да се смират, бидејќи, како што велат извори блиски до семејството, таа е некој што избегнува тензии и конфликти.
Погребот ќе се одржи во сабота, кога браќата ќе се видат за прв пат после некое време.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести