10 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

СТРАШНО: Од Ковид-19 секоја минута во Европа умираат 160 луѓе

Повеќе од милион смртни случаи поврзани со ковид-19 се пријавени во Европа од почетокот на пандемијата, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Регионалниот директор на СЗО Ханс Клуге на прес-конференција рече дека ситуацијата во регионот останува „сериозна“ и покрај забрзувањето на програмите за вакцинација.

“Имаме 1,6 милиони нови случаи секоја недела. Тоа се 9 500 нови инфекции на секој час и 160 луѓе умираат секоја минута”, рече Клуге, цитиран од Си-Ен-Ен.

Европскиот регион на СЗО се состои од 53 земји и вклучува и земји кои не се членки на ЕУ, како што се Турција и Русија.

Клуге додаде дека падот на стапката на инциденца е забележан „само кај најстарата“ популација и дека хоспитализацијата сепак останува „на високо ниво“.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести