9.8 C
Skopje
вторник, март 19, 2024

ВИЛА ОД МИЛИОН ДОЛАРИ: Наоми одмара во луксузниот дом во Кенија (видео)

Кога супермоделот Наоми Кемпбел нема модни ангажмани, таа сака да се релаксира во нејзината луксузна вила во Малинди, Кенија.

50-годишната ѕвезда ги отвори вратите од својот дом во Кенија и направи целосна обиколка за „Architectural Digest“ откривајќи како изгледа нејзиниот сопствен рај кој го поседува над 20 години.

„Ова е многу смирувачко место“, изјави Кембел, која првпат го посетила Малинди во средината на 90-тите години.

„Едноставно немате потреба да бидете на телефон. Не ви треба телевизија. Само сакате да читате и да бидете со себе. Убаво е да уживате во тишина и звукот на штурците“, вели супермоделот.

Вилата на Кемпбел гледа кон Индискиот Океан и располага со базен со солена вода што се протега на отворено од средината на дневната соба. Како што вели, ова е совршено место за опуштени собири со семејството и пријателите.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести