Кание Вест бара заедничко старателство над неговите четири деца со Ким Кардашијан, која неодамна поднесе барање за развод, објави TMZ.
Ким (40) во февруари поднесе барање за развод од 43-годишниот рапер, а судските документи покажуваат дека таа исто така барала заедничко старателство над нивните деца: Норт (7), Сент (5), Чикаго (3) и Псалм (1).
Двојката не бара меѓусебна поддршка, и покрај тоа, Вест сака самите да ги сносат сопствените правни трошоци.

„Page Six“ минатиот месец напиша дека парот не е во најдобри односи, иако заедно ги растат деца.
Вест наводно ја замолил Ким да не биде во домот што го дела кога ги посетува децата, а тој исто така го сменил бројот и ѝ рекол дека може да го контактира преку неговото обезбедување.
Според предбрачниот договор, секој од сопружниците ќе ги зачува своите пари. Двојката беше во брак шест години.
