Веста дека Аца Лукас итно е примен во болница ја демантирал самиот. Тој се огласил за медиумите во соседството и рекол дека не само што не е во болница, туку деновиве не ни поминал покрај болница.
Инаку, во јавноста се појави веста дека во болничка постела завршил заради болки во стомакот.
– Веста е точна колку и онаа од пред два дена дека сум умрел. Еве поминаа 7 дена, па сам си давам парастор, се пошегувал пејачот и додал дека последен пат во болница бил пред 15 дена кога примал ревакцина.