7 C
Skopje
петок, април 16, 2021
spot_img

ИСКРЕНА ИСПОВЕД НА ДЕВОЈКА ОД ТЕКСАС: Останав трудна на 13 години, ми посакуваа да умрам…

Меди Ламберт (17) од Тексас е мајка на тригодишната Еверли за која вели дека и го спасила животот, иако на почетокот мислела да се откаже од неа.

-Забременив кога имав 13. Размислував за абортус, посвојување, но кога ја видов снимката од ултразвк си помислив – ’Не можам да се откажам од неа’, вели Меди.

Признава дека не била спремна да се соочи со злоставувањето со кое се соочила кога ја донела одлуката толку млада да го задржи бебето.

– Кога забременив се плашев од реакциите на околината и всушност сите беа негативни. Се соочив со многу омраза. Ми велеа дека си го уништувам животот, некој дури ми испрати и порака која гласеше – „Се надевам дека ќе умреш на породувањето“, вели Меди и додава дека сето ја натерало на сите да им покаже дека ќе биде добра мајка иако е млада.Таткото на Еверли, Ајзак имал 15 кога дознал дека ќе стане родител. Не ја видел малечката  во првите 10 месеци, но сега вели се кае за тоа.

– Ми велеа дека сум лоша мајка зашто сум тинејџерка, но го имам истиот родителски капацитет како кој било друг. Добра мајка е онаа која жртвува се заради детето, а јас си го пропуштив целото детство. Се би сторила за неа, таа е целиот мој свет, заклучува Меди.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести