13 C
Skopje
петок, април 16, 2021
spot_img

ПОСЛЕДИЦИ ОД КОВИД-19: Оваа група е посебно чуствителна

Прашањето кое најчесто се поставува во врска со Ковид-19 е али и во колкава мера ќе имаат здравствени последици оние кои го прележале. Затоа е мошне важна опсежната медицинска студија за псоледиците на вирусот објавена во угледниот British Medical Journal.

Истражувањето опфатило дури 50 000 пациенти хоспитализирани заради Ковид-19 и дава детални медицински податоци после болеста во однос на контролната група која немала корона. Заклучоците на студијата истакнуваат дека вирусот во просек оставил сериозни последици врз здравјето на оние кои се избориле со него.

Податоците покажуваат дека во рок од 140 дена после болеста, дури 30 отсто од ковид-рековалесцентите повторно се хоспитализирани, и тоа четири пати почесто од оние кои немале.

Еден од 10 пациенти кои повторно завршиле на болничко лекување починале: смртта била дури осум пати почеста отколку во другата ’некоронска’ група.Респираторните болести, дијабетесот и кардиоваскуларните болести, исто така, биле значително почести кај рековалесцентите од ковид, а истакнато е дека овие здравствени ризици не се ограничени само на постарата популација.Препораките од објавената студија гласат: дијагнозата, лекувањето и превенцијата на пост ковид синдромот бара интегриран пристап, а не анализа на влијанието на одделни органи или болести, па се потребни итни нови истражувања за да се утврдат сите фактори на ризик.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести