11 C
Skopje
петок, април 16, 2021
spot_img

СВЕЧЕНА ПАРАДА ВО КАИРО: 22 мумии преместени во ново почивалиште (видео)

Во Египет во саботата навечер одржана е свечена парада и прослава по повод преместување на 22 драгоцени мумии од стариот музеј во Каиро до новото издание на Националниот музеј на Египетската цивилизација која се наоѓа исто така во главниот град.

Церемонијата е изведена со цел да се прикаже огромното археолошко наследство и културното богатство на Египет, пренесува АП.

Мумиите се пренесени со специјални климатизирани саркофази, на камиони украсени со крила во фараонски обележја, а египетската артилерија испалила 22 почесни плотуни по повод овој настан.

Повеќето од мумиите се од период на Новото царство од 1539. до 1075. година пред новата ера, а меѓу нив се и мумии на Рамзис втори, еден од најпознатите египетски фараони и кралицата Хатешепсут.

Таа била единствена жена на полоѓај фараон која владеела како маж , така што носела лажна брада за да не се посомневаат дека со традиционален , патријахален Египет владеела жена, соопштено е од министерството за антика во Египет.

Посмртните останки на 18 кралеви и четири кралици, поредени се по старост, пренесени се на одвоени платформи украсени во древен египетски стил во процесија наречена “Златна поворка на фараони“

Посмртните останки се преселени од Египетскиот музеј во центар на Каиро , каде престојувале со децении, во Националниот музеј на египетската цивилизација, отворен 2017. година на јуот на градото.

Во овој музеј ќе бидат сместени во “малку помодерни витрини, каде што температурата и влажноста на воздухот ќе биде подобра околку во стариот музеј“ рекла Салима Икрам професорка по египтологија и стручњак по мумифицирање на Американскиот универзитет во КАиро.

Мумиите ќе се наоѓаат во Кралската сала за мумуу и ќе може да се посетива до 18 април . Салата е концепирана така што посетителите ќе имаат чуство дека се наоѓаат во Долина на кралевите во Луксор.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести